Македонија
20. јуни 2019 - 19:56

Повреден маж во Скопје

Вчера во 20.15 часот на улица „Радишанска“ во Скопје, патничко возило „Мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од К.О.(23) од Скопје, удрило во пешакот В.Д.(74) од Скопје.

В.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.