Повисоки цените на индустриските производители
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во март годинава се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво, односно за 0,3 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Во март 2017, во споредба со февруари 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Интермедијарни производи освен енергија за 0,5 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1 отсто, додека во групите Капитални производи и Трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.
Во март 2017, во споредба со март 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 2,0 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2 отсто и Интермедијарни производи освен енергија за 0,2 отсто.
Ново на Сител
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините
-
Пропадна уште една акција за рушење на дивоградби во Кочани
-
Летово во Дојран повеќе транзит туристи отколку домашни
-
Црквите говорат за нашето наследство