Повикувал лица да се приклучат на Исламска држава и да војуваат за неа, кривична за маж од Скопје
Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (05.04.2022) до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.И. (30) од Скопје, за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени параполициски формации” предвидено и казниво по член 322-а ст.4 од Кривичен законик.
Од страна на ОСОСК, во август 2015 година, С.И., заедно уште со 34 други лица се кривично пријавени за кривично дело „учество во странска војска, полиција паравоени или параполициски формации„ (член 322 а, став 1 и 3), за што е осуден на 10 годишна затворска казна и во моментов се наоѓа на издржување на затворската казна во КПД Идризово.
Со цел обезбедување на докази за сторени нови кривични дела од С.И., од страна на ОЈО за ГОКК до надлежните органи во Р.Косово е побарана меѓународна правна помош, при што од страна на Специјалното обвинителство на Р.Косово е доставен одговор со соодветни докази.
Од доказите е утврдено дека на 25.07.2015 на социјална мрежа е објавена фотографија со испишан текст на албански јазик, со кој С.И. повикувал, врбувал и потикнувал лица да се приклучат на Исламска држава и да војуваат за неа.
Пронајдени се и други објави во врска со кривичното дело.
Ново на Сител
-
Во тек е куса пауза на руско-американските преговори во Ријад, информира Захарова
-
Четири лица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Скопје - Куманово
-
Уапсена 37-годишна гостиварчанка, се обидела да помине граница со возило барано од Интерпол
-
Дмитриев: Можен напредок во руско-американските економски односи во наредните месеци
-
Германија ја оцени ситуацијата во Србија како „загрижувачка“, Белград ги отфрла обвинувањата
-
Од четврток утрински температури до -13 степени
-
Еден ранет во нов оружен инцидент во бриселската населба Андерлехт
-
Обвинителката Крстевска Цалева поднела барање да биде ослободена од функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје