-->
-->
ОН повикуваат на обнова на прекинот на насилството во Алепо
-->
Обединетите нации повикаа вчера на прекин на непријателството во сирискиот град Алепо и околината и апелираа до сите срани да овозможат непречено доставување на хуманитарна помош.
Заменик-портпаролот на ОН, Фарах Хак изјави во Њујорк дека ОН се известени за уривањето на рускиот хеликоптер над сириска територија, која е под контрола на бунтовниците, како и дека леталото доставувало помош.
Хак нагласи дека ОН се мошне загрижени бидејќи меѓу 250 илјади и 275 илјади луѓе и натаму се заробени во Алепо и додаде дека продолжуваат разговорите со Русија и сириските власти за начинот да се обезбеди доставувањето помош за Алепо и другите делови на земјата.
Според него помош од ОН вчера е доставена за 71 илјада луѓе во градот Хула.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати