Македонија
20. July 2025 - 16:29

Во охридската болница се користеле стари апарати

Во болницата во Охрид се користеле музејски експонати медицински апарати стари 15 години.Директорот на фондот за здравство Кленковски истакна дека за задржување и мотивирање на лекарите специјалисти во јавното здравство потребни се силни инвестиции во опрема.

Директорот на опшатата болница Маркоски подвлече дека одделението за педијатрија кое е едно од најболните точки моментално функционира во две смени со надеж дека во најскоро време ќе се воведат дежурства наместо  болните деца од Охрид патуваат во Струга во ноќните часови .

Од болницата велат дека  имаат доволно кадар и опрема да одговорат на повеќекратно зголемениот обем на работа во текот на туристичката сезона.