Повик за средношколска едукативна програма „Амбасадори на мирот“
Pepople to People International Skopje Macedonija, во соработка со Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација објави повик за учесници на третата генерација од едукативната програма за средношколци „Амбасадори на мирот“.
Целта на програмата е да ги поврзе средношколците од Скопје, да ги охрабри да го вложат своето време во развој како индивидуи и да дојдат до заеднички идеи за општествено унапредување. Тема за годинашната генерација е „Придонесот на младите во унапредување на човековите права“.
Програмата ќе им понуди на средношколците едукација на неколку различни теми преку работилница за тимска работа и лидерство, за развивање вештини за изразување на критички став и за човекови права
Учесници што успешно ќе ја комплетираат програмата ќе се стекнат со сертификат од Pepople to People International, а исто така ќе им бидат понудени и можности за понатамошно лично унапредување и придонес во заедницата.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Дрисла
-
Голем пожар во Дрисла
-
Тема на денот со Радмила Шеќеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички