Повик за формирање авторски тимови за учебници

Министерството за образование и наука објави повик за искажување јавен интерес за формирање авторски тимови за изработка на ракописи за учебници за четиригодишно стручно образование.
Авториски тимови ќе се формираат за образовни профили за наставни предмети од: шумарско-дрвопреработувачка струка; геолошко-рударска и металуршка; земјоделско-ветеринарна; градежно-геодетска; електротехничка; текстилно-кожарска струка; струка лични услуги; машинска струка; економско-правна и трговска; сообраќајна и здравствена струка.
Заинтересираните авторски тимови потребно е да достават пријава за авторски тим до архивата на Педагошката служба (ул. „Св.Кирил и Методиј“ 54 Скопје), заклучно со 5 март 2018. Пријавата може да се преземе од веб-страницата на МОН каде што е објавен Повикот и каде што се наведени другите документи кои треба да се достават.
Министерството за образование и наука информира дека ќе склучи договори само со авторските тимови чии ракописи за учебници се одобрени со одлука на Националната комисија за учебници за основно и средно образование.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
-

Мицкоски без детали од разговорите за реконструкција на Владата
-

Александар Трајановски ќе биде нов потпретседател на СДСМ, Филипче обвинува и за економски колапс на државата
