Македонија
25. March 2020 - 18:08

Повеќе општествено-одговорни компании донираат маски и други производи за Општина Куманово и за Болницата

Повеќе општествено-одговорни компании донираа маски за Општина Куманово и за Болницата, информираа од локалната власт и од Јавната здравствена установа. Градоначалникот Максим Димитриевски објави дека комапнија изработила 500 заштитни маски кои ќе бидат распределни на здравствените работници, на припадниците на МВР и на тимовите кои вршат дезинфекција.
 
–Сакам јавно да се заблагодарам на фирмата ТИ-ДИ ФЕШН Куманово и Занаетчиската комора на Македонија за донацијата во заштитни маски.  Оваа донација ќе биде користена за заштита на тимовите за дезинфекција, припадниците на МВР и здравствените работници од нашите здравствени установи кои работат на територија на општината, објави Димитриевски.

Од Кумановската болница, информираа дека денеска  од општината  добиле 200 заштитни маски, а се заблагодарија на поголем број компании од градот „Маркони“, „Контеса“, „Инвента“ за донираните маски, како и неколку компании кои им помагаат на здравствените работници. Претходно и кумановските аптеки „Бела Дона“ „Камелија Фарм“ донираа безконтактни топломери, „Кајсер фарм“ донираа 120 топломери, а здружението – Ineer Wheel Club донираше  40 маски со филтер за инфективниот оддел и средство за дезинфекција. 

Ново на Сител