-->
-->
Повеќе од 95 милиони луѓе во светот се заразени со Ковид-19
-->
Бројот на заразени со Ковид-19 во светот се искачи над 95 милиони, а од последици од заразата починале 2.034.623 луѓе, додека оздравеле приближно 68 милиони.
Според податоци на сајтот „Ворлдометер“ од почетокот на пандемијата до денеска со Ковид-19 во светот инфицирани се 95.168.543 луѓе, а оздравеле 67.937.306 лица.
Најпогодени од пандемијата се САД, каде се регистрани над 24,3 милиони пациенти и повеќе од 405.000 смртни случаи.
По бројот на смртни случаи на второ место е Бразил, каде од последици од Ковид-19 починале 209.350 луѓе, а вкупно заразени се над 8,4 милиони лица. Потоа следи Индија со над 10,5 милиони инфицирани луѓе и над 152.000 смртни случаи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
