Повеќе од 40 пријавени за фаќање на крстот во Вардар во Скопје
Повеќе од 40 луѓе досега се пријавиле да учествуваат во традиционалното фаќање на крстот в петок на Богојавление – Водици во Вардар во центарот на Скопје.
Пријавувањето почна на 10-ти и ќе трае до утре, 17 јануари. Од Скопската епархија, која трета година го организира пријавувањето на фаќачи на светиот крст, велат дека досега се пријавиле 44 кандидати, меѓу кои има и женски.
Најголем одѕив има во последните денови, така што очекуваат денеска и до утре попладне, кога завршува пријавувањето, бројот на заинтересирани учесници да биде уште поголем.
Кандидатите може да се пријават во Скопската епархија до Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ и треба да поминат лекарски преглед во Спортска медицина.
Спуштањето на крстот во водите на Вардар на 19 јануари ќе почне во 12 часот од мостот кај хотелот „Холидеј ин“ и ќе го изврши поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан.
Претходно, во 9 часот, архиепископот г.г. Стефан ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а потоа богојавленски литии ќе се упатат кон местото каде што ќе се одржи традиционалната верска манифестација.
Ново на Сител
-
Антетокумпо подготвен да ги напушти Милвоки Бакс
-
Романец ќе го суди финалето помеѓу ПСЖ и Интер
-
Конте: Играме над нашите можности, благодарност на играчите за тоа
-
Рекордна заработка од „Ел класико“
-
Анчелоти ќе заработува 770.000 евра месечно на клупата на Бразил
-
Меџити до Таравари: Ти не ја напушташ Владата, ти ја предаде Владата
-
Зеленски го потпиша договорот за економско партнерство со САД
-
Кос: Инструментот за реформи и раст може да донесе значителен развој на земјите од Западниот Балкан