Меџити до Таравари: Ти не ја напушташ Владата, ти ја предаде Владата
Лидерот на Демократското движење и еден од лидерите на коалицијата „Влен“ Изет Меџити по излегувањето на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари од владината коалиција напиша дека Влен продолжува по патот на промената.
Во објава на „Фејсбук“, Меџити напиша дека Таравари не ја напуштил Владата, туку ја предал.
- Ти не донесе промена. Ти не се враќаш кон народот. Ти се враќаш кон црната листа. Ти не ја напушташ Владата. Ти ја предаде Владата, напиша Меџити.
Меџити оценува дека „Таравари е разочарување за секој Албанец кој гласал за промената“.
- VLEN продолжува по патот на промената. Ги покануваме сите активисти, симпатизери и гласачи кои се чувствуваат измамени, предадени и оставени сред пат без насока, пишува во објавата.
Лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците Арбен Таравари синоќа по состанокот одржан во Тетово соопшти дека ја напуштаат владината коалиција и одат во опозиција.
- Констатиравме дека минатата година со гордост ја донесовме промената во албанскиот блок после 20 години. Меѓутоа, меѓутоа промените што ги видовме за жал не ги испорачавме и тоа се секојдневно граѓаните не критикуваат. Затоа ние одлучивме, да се вратиме кај граѓаните. Да побараме од нив доверба во октомври за локалните избори. Кога со „Вреди“ се обидувавме околу шест недели и ако имаме сопствени советнички листи да изнајдеме начин за меѓусебна поддршка за кандидатите за градоначалници, меѓутоа, не успеавме во тоа и денес констатираме дека доколку има недоверба во тие што се членови на владата, доколку има конспирации и секакви сомнежи немаме што да бараме таму, рече Таравари.
Ново на Сител
-
Приведен 18-годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Ѓоковиќ и Мареј ставија крај на соработката
-
Пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво | ФОТО
-
Васил Јованов осуден на 12 години
-
Турција ќе отвори нова фабрика за чипови и соларни ќелии
-
Гејминг индустријата во Србија лани со приходи од 214 милиони евра
-
Забрана за 15.000 аргентински навивачи за влез на стадионите на Светското клупско првенство
-
Марта Кос: Владата во Србија не исполни ниту една од реформите што ги вети во декември