Повеќе од 100 настани на 9. „Топол културен бран“
Во рамки на 9. манифестација „Топол културен бран“ годинава ќе се реализираат повеќе од 100 културни настани во 31 општина.
Програмата ќе се реализира во две етапи, од денеска до 31 јули и од 20 до 31 август во Вевчани, Валандово, Кавадарци, Ресен, Маврово-Ростуша, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Крива Паланка, Могила, Неготино, Кочани, Демир Капија, Македонска каменица, Кратово, Делчево, Берово, Кичево, Богданци, Виница, Чашка, Демир Хисар, Новаци, Свети Николе, Гостивар, Крушево, Кривогаштани, Охрид, Гевгелија, Ресен и општина Петровец.
Министерството за култура во април годинава објави конкурс за учество во програмата на „Топлиот културен бран“, кој беше отворен за сите општини во Република Македонија. Од буџетот на Министерството за култура се издвоени 4 милиони денари, распределени за сите општини, врз основа на настаните што ќе се реализираат.
Летово посетителите ќе можат да ги погледнат театарски претстави од репертоарот на националните театарски куќи Македонскиот народен театар, Театарот Комедија, Охридскиот, Штипскиот и Албанскиот театар. Концерти ќе имаат етно групите „Монистра“, „Синтезис“, „Љубојна“, ансамблот „Танец“ и повеќе помали фолклорни друштва кои ќе го промовираат македонскиот фолклор и македонската изворна песна.
Граѓаните ќе можат да ги проследат и настапите на Ефто Пупиновски, Миле Кузмановски, Александар Тарабунов, концертите на ДНК и Ај Кју, на македонските естрадни уметници Даниел Кајмаковски, Сара Мејс...
Досега во рамки на оваа манифестација се реализирани повеќе од 800 проекти.
Ново на Сител
-
Негативен природен прираст на истокот
-
Затворен атмосферски канал во Прилеп со поставување на цевки и со подготовки за урбанизација
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Извлечено четвртото тело од Вардар, наредена обдукција
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Спречен организиран криминал со половни возила, поднесени 24 кривични пријави
-
ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје