-->
-->
Повеќе лица се бркале со возила и мотори, па се тепале низ Куманово
-->
Повеќе лица синоќа се тепале на улиците во Куманово.
„На 17.6.2020, во 01.30 часот, во СВР Куманово, Д. Ј. (33) и С. М. (18) пријавиле дека околу 23 часот додека се возеле со патничко моторно возило по улицата Моша Пијаде пред нив застанал мотоцикл управуван од С. П., а зад него била и А. М. А. М. физички ја нападнала С. М. по што го напуштиле местото на настанот.
Подоцна, околу 23.10 часот, на улицата Трета македонска ударна бригада, застанало возило, од кое излегла поголема група, меѓу кои и А. М., С. П., А. П., М. М., и физички го нападнале Д. Ј. Според пријавеното, кога С. М. се обидела да ги раздели, била нападната од А. П.“, велат од МВР.
Се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, стои во соопштението од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица