Повеќе активности во рамки на НАТО неделата
На 4 април оваа година навршуваат 70 години од постоењето на Северноатлантската алијанса во нашата земја. Од 3 до 9 април Министерството за одбрана ќе организира НАТО недела. Ќе има повеќе активности со кои ќе се одбележи 70-годишнината од основањето на НАТО како и нашиот напредок кон полноправно членство кон алијансата како 30 земја членка, посочи портпаролот на Владата на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција.
Бошњаковски информира дека во рамки на НАТО неделата ќе бидат организирани дипломатска дискусија на која премиерот, министерката за одбрана и амбасадорите на земјите членки на НАТО во земјава ќе дискутираат за процесот за ратификација на протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.
– Ќе бидат организирани и изложба во воениот музеј, панел и промоција на поштенска марка, а ќе има и заеднички концерт на воените оркестри на нашатата земја, на САД, Велика Британија, Совенија и Грција на кои уште еднаш ќе се демонстрира заедништвото на алијансата. Исто така ќе има и отворени настани за граѓаните во повеќе градови низ земјата на кои ќе бидат демострирани капацитетите на армијата, посочи Бошњаковски.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари