Потвредено обвинението против осомничените за убиството на Данка Илиќ, се бара доживотен затвор
Вишиот суд во Зајечар го потврди обвинението против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, обвинети за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, пренесува Индекс.
Судот донесе решение со кое го потврди обвинението, кое има право на жалба до Апелациониот суд во Ниш. Обвинителството на 24 септември го испрати на потврда обвинителниот акт против осомничените. Обвинителството во обвинителниот акт предложи судот да ги осуди на доживотен затвор Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ.
Се сомневаат дека Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ на 26 март во Бањско поле кај Бор со автомобил ЈКП „Водовод“ каде што биле вработени удриле двегодишно девојче, а потоа го внеле во возилото. Се сомнева дека нејзиното тело било фрлено во депонија, од каде подоцна било преместено.
Телото на девојчето сѐ уште не е пронајдено.
Радослав Драгијевиќ е осомничен дека му помагал на синот да го премести телото на девојчето.
Братот на Дејан Драгијевиќ, Далибор почина на 7 април во просториите на полициското одделение во Бор при приведување. Обвинението ги товари Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ за кривично дело учество во тешко убиство, а Радослав Драгијевиќ за кривично дело помагање на криминалец по извршување на кривично дело и непријавување на кривичното дело и сторителот.
Во обвинението за убиството на Данка Илиќ, до кое дојде Телеграф.рс, стои и изјавата на Далибор Драгијевиќ од полицијата во која тој го обвини својот брат дека го убил детето.
Тој на 6 април бил сослушан и рекол дека брат му Дејан Драгијевиќ на 26 март бил на работа во Водовод каде работел прва смена од 7 до 15 часот, а тој ден дошол дома во 15 часот и 30 минути.
-Колку што се сеќавам, на 28 април после 16 часот, Дејан дојде дома со своето сино пежо 3072 и потоа видов бела торба во багажникот на неговиот автомобил. Го прашав што има во неа, а тој ми кажа дека во него се наоѓа дете, рече Драгијевиќ.
Ново на Сител
-
Ѓорчев: Добра е стратегијата на македонската дипломатија на бугарската политика
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-
Економијата во првиот квартал годинава пораснала за 3%
-
Синдикатите поделени околу спуштањето на прагот за репрезентативност од 10 на 5%
-
Безбедносната зона околу Собрание нема да значи забрана за протести
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
Марта Кос се понуди да ги олеснува разговорите меѓу Скопје и Софија
-
Инспекторите за јазици бараат плата, но не и да говорат на македонски – можно решение по гласање на законот