-->
-->
Потврдени пет случаи на африканска свинска чума во Унгарија
-->
Унгарската национална Агенција за безбедност на храна Небих откри пет случаи на африканска свинска грозница кај диви свињи во околината на Будимпешта.
Случаите на инфекцијата се откриени во ловечката област Будакеши, западно од Будимпешта. Се наведува дека неколку странци од земји во кои се појавила оваа животинска болест ја посетиле областа, но и дека изворот на инфекцијата може да биде и во Унгарија.
Небих ги повика сите унгарски фармери да ги преземат сите неопходни мерки за да се спречи ширење на инфекцијата.
Во моментов околу 10 европски земји се погодени со африканска свинска чума, а најголем број случаи е забележан во Бугарија и Романија. Болеста е безопасна за луѓето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце