Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) денеска спроведоа вонреден надзор во скопското јавно комунално претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ по викендов спроведените активности за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа и извршените испитувања на безбедноста на водата за пиење.
Со контролата е утврдено дека ЈП претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ извршило хлорирање на водата во водоводната мрежа, земени се и мостри за анализи вршење на проширена хемиска и микробиолошка анализа, чии резултати денес уште еднаш ја потврдија безбедноста на водата по спроведената пи си ар метода за испитување на безбедноста на водата од девет најниски критични точки, за што биле добиени негативни резултати.
Според АХВ, хиперхлорирање не е направено поради извршената проценка на стручниот тим и типот на санација на дефектот кој се вршел во шахти, надвор од водоводната мрежа.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Превирања помеѓу народот и црквата
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”
-
Евалуацијата на повредените во “Пулс” ќе заврши до крајот неделата – досега прегледани 140 пациенти
-
Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии
-
Дали Македонија ќе стане една изборна единица? Независните бараат кандидатура со 50 потписи