Балкан
5. April 2017 - 11:34

Потресно: Настраданиот близнак ја насети својата смрт, која е поентата да се биде на овој свет?

Милан Павловиќ (18) кој со сестрата Неда загина во експлозија на плин, пред смртта напишал во школски состав за бессмислата на животот.

Матурантот Милан Павловиќ (18) кој со сестрата близначка Неда загина во недела во експлозија на плин во куќата на неговата тетка во Ниш, во последната писмена задача на училиште, непосредно пред смртта, го изнесе свето видување на бессмислата на животот.

-Треба да се обидеме да го оствариме она што досега никој не го направи, треба да се трудиме да бидеме поинакви од другите. Зошто која е поентата да се биде на овој свет? Која е поентата ако сите останеме?

Зарем тогаш не заземаме нечие место под сонцето? Во животот постојат разни правила кои не спречуваат да дадеме се од себе, мораме да ги кршиме тие правила, но не со законот, само така ќе се разликуваме од другите, напиша Милан во оваа писмена задача, за која добил петка.

Ško­l­ski dru­go­vi: Izgu­bi­li smo Ne­du i Mi­la­na, ali je ne­bo dobilo anđele

Погреб наместо матура

Од Милан и Неда вчера се простија нивните другари.

-Не требаше да станат наши ангели, меѓутоа судбината сакаше поинаку. Ние ќе го чуваме споменот на нив, а тие ќе не чуваат нас. Ние изгубивме, ама небото доби, со овие зборови на комеморацијата во нишкото Правно-деловно училиште од Милан и Неда се простија школските другари на Милан од IV4.

Tuga u školi... Učenici, razredni starešina i direktor oprostili se od blizanaca

Во името на училиштето се прости директорот Милорад Гавриловиќ, по што реч зеде класната на Милан, Слободанка Стаменковиќ.

-Кога ќе ви дојде нвоа генерација и седне во училишните клупи, секогаш ги замислуваме како ќе изгледаат како матуранти. Еден од нив повеќе никогаш нема да биде со нас, рече низ солзи Слободанка.

 

Празна третата клупа

Другарката на Милан Теодора Периќ се потсети на неговите последни денови меѓу нив.

-Влегов во училница и ја видов третата клупа од лева страна, а Милан го нема во неа. А само пред некој ден Милица го убедуваше да оди со неа на матура. Не добија можност да продолжат, рече Теодора.