-->
-->
Потребни се реформи во фудбалот а не уцени?!
-->

Барселона, Јувентус и Реал Мадрид во заедничка изјава ја потворија определбата за модернизирање на фудбалот и покрај „фијаското“ со Европската Суперлига, откако УЕФА потврди дека трите клуба ќе бидат мета на дисциплинска постапка со која им се заканува двегодишна суспензија од европските натпреварување.
По хаотичните 48 часа и реакцијата на фановите, 9 од 12-те клуба кои се пријавија за Европската Суперлига се откажаа, и УЕФА реши симболично да ги казни, но Барса, Мадрид и Јуве во ниту еден момент не се откажаа од идејата.
„Барселона, Јувентус и Реал Мадрид целосно ја отфрлаат уцената на УЕФА која е постојана на три од најважните клубови во историјата на фудбалот. Ова алармантно однесување е прекршување на судската правда, откако судот во Мадрид веќе ги предупреди УЕФА дека не смее да ги казнува основачите на Суперлигата. Ова е директен напад на владеењето на правото, право кое како граѓани на Европската Унија го имаме. Суперлигата беше промовирана со цел да се подобри ситуацијата во европскиот фудбал, во постојан дијалог со УЕФА за зголемувањето на интересот за спортот. Целта беше да се има рамка на постојаност и солидарност, посебно во овие економски услови. Наместо да го прави тоа, УЕФА очекува да се повлечеме од судскиот случај за монополот во европскиот фудбал. Барселона, Јувентус и Реал Мадрид, сите стари над едно столетие, нема да прифатат уцени и притисок и ќе останат отворени за дебата и дијалог за решавање на проблемите. Или ќе го реформираме фудбалот, или ќе бидеме сведоци на неизбежниот пад“, се вели во интересното соопштение.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
