-->
-->
Потполковник Нуредини е новиот командант на Првиот механизиран пешадиски баталјон
-->
Со воена свеченост во кумановската касарна „Боро Менков“ денеска беше извршено примопредавање на должноста командант на Првиот механизиран пешадиски баталјон од досегашниот командант потполковник Али Хајро на новиот потполковник Лулзим Нуредини.
Командантот на првата механизирана пешадиска бригада, полковник Зоран Милески, во обраќањето пред присутните потсети дека баталјонот учествувал во домашни и меѓународни обуки и вежби и отиа во четирите ротации во рамки на мировната операција ИСАФ во Авганистан, и со учеството на перосоналот во операциите АЛТЕА и „Слобода за Ирак“, војниците се стекнале со искуство и достојно ја презентирале АРМ пред странските армии, членки на НАТО.
Новоназначениот командант на баталјонот, Нуредини им се заблагодари на претпоставените за укажаната доверба, како и на поранешниот командант за успешното за водењето на единицата.
- Ние што остануваме, продолжуваме понатаму, критериумите се поставени, целите се јасни, желбата и мотивот се одлична основа за постигнување уште повисоки резултати, рече потполковник Нуредини.
Досегашниот командант на баталјонот Али Хајро, ќе ја извршува должноста началник на секција во штабот на првата механизирана пешадиска бригада.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хамилтон: Знам дека фановите на Ферари не се задоволни од мене
-
Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“
-
Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот
-
Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково
-
Приведен 25-годишник од Штип, бил баран со потерница поради бегство од затвор
-
Македонците во Белгија го чествуваат Велигден
-
Украина бара извинување од Фокс њуз затоа што напиша дека Киев е „руски град“
-
Зеленски: Русија на Велигден изврши 46 воздушни напади и 900 гранатирања на Украина