Потпишан Меморандум за намалување на сивата економија
Координирани активности и мерки за намалување на непријавената работа, предвидува Меморандумот што го потпишаа денеска претставници на Државниот инспекторат за труд, Организацијата на работодавачи, Бизнис конфедерацијата, Сојузот на синдикати на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.
Соработката на социјалните партнери предвидува и размена на информации и идеи за справување со сивата економија, како и активности за подигнување на свеста за придобивките од пријавената работа.
Меморандумот беше потпишан како дел од активностите за проектот за поддршка во борбата против непријавената работа што се спроведува од мај 2014 година од страна на конзорциум предводен од Esep Ltd. Главни корисници се Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд.
Презентираните податоци од денешната расправа во рамки на проектот покажуваат дека непријавената работа во Македонија е најчеста во областите: земјоделство, градежништво, транспорт, хотели и ресторани, трговија и услуги, претежно во мали и средни бизниси. Мажите се со малку поголема веројатност да се вклучат во непријавената работа отколку жените, а најчесто вклучена е возрасната група од 15 до 30 години. Во прегледот за природата на непријавената работа се наведени и категориите студенти и пензионери, сезонската работа, работата со неполно работно време или на определено време, како и исплатата на плата во плик.
- Државниот инспекторат за труд во континуитет работи на надминување и одлични се показателите во однос на намалување на непријавената работа, од 38 проценти во 2006 година на 26,4 проценти. Со потпишување на Меморандумот ќе бидеме покоординирани во активностите, рече Алајдин Авзиу, директор на Државниот инспекторат за труд.
Според претседателот на ССМ Живко Митровски, важна е вклученоста на сите социјални партнери во сузбивање на непријавената работа со која се соочуваат сите држави. - Оваа исклучително негативна појава, посочи, има импликации во социјално -економската состојба на сите кои се инволвирани во неа и во негативните фискални политики на државата.
Анализата за големината и опфатот на непријавената работа изразена како процент од бруто домашниот производ, покажува дека непријавената работа во Македонија се движи меѓу 20 и 35 проценти. Во податоците од истражувањата за проектот е наведено дека 11 проценти од работоспособното население во Македонија е ангажирано во неформално вработување, како и дека 22,5 проценти од вкупниот број лица кои работат се дел од таквото вработување. Различните бројки, како што е наведено, честопати се конфузни и даваат погрешна слика.
Државниот инспекторат за труд, според презентираните податоци, во 2014 година извршил 28.215 инспекции и се евидентирани 427 непријавени работници. Поднесени се 385 барања за поведување прекршочна постапка и две кривични обвиненија. Инспекторатот имал 2.193 анонимни пријави и 2.193 во писмена форма.
Ново на Сител
-
Литванскиот претседател со критики за германскиот канцелар за неактивност кон Русија
-
Американски медиуми: Припадници на гардата почнаа да пристигнуваат во Лос Анџелес
-
Министерот Муцунски утре во работна посета на Казхстан
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи
-
Уште една пријава од граѓанин за насилно одземена биста од Градските гробишта Бутел
-
Приведени битолчани со пиротехнички средства на натпреварот „Вардар 1961“ - „Пелистер“
-
Пациентите задоволни од медицинскиот кадар, но бараат подобри услови во штипската физикална терапија „Кежовица“
-
Приведено лице во Демир Хисар, возело под дејство на алкохол