Потпишан договор за пречистителна станица во Струмица
Министерството за животна средина и просторно планирање, општина Струмица и јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Струмица денеска во Скопје потпишаа договор за изградба на пречистителна станица за отпадни води.
Договорот го потпишаа министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев и директорот на ЈПКД „Комуналец“ Струмица, Зоран Ѓеоргиев.
Вкупната вредност на договорот за градба на овој инфраструктурен проект изнесува 8,4 милиони евра, а средствата се обезбедени преку Инструментот на ЕУ за претпристапна помош (ИПА) предвиден во рамки на Оперативната програма за регионален развој 2007-2013 и кофинансиран од Буџетот на Република Македонија.
Пречистителната станица ќе се гради со капацитет за 53.500 жители и ќе ги прочистува урбаните отпадни води од подрачјето на општината, како и индустриските отпадни води кои се испуштаат во канализациониот систем. Планирано е да се прочистуваат урбаните отпадни води од градот и населените места Баница, Добрејци, Градско Балдовци, Сачево, Дабиле, Муртино, Просениково, како и отпадните води од индустриската економска зона Сачево.
- Со изградбата на пречистителната станица значајно ќе се придонесе кон подобрување на кавалитетот на водите во реката Тракајна и реката Струмица и ќе се обезбеди заштита на Моноспитовското блато, се вели во соопштението од општина Струмица.
Ново на Сител
-
Македонија во чест на просветителите: Молебен во Рим
-
Митрополит Петар: Се покажа дека прашањето на МПЦ не е црковно туку политичко
-
Гужва на граничните премини, Македонците навалија во Грција
-
Мицкоски: За брзо од сега ќе имаме влада
-
Партиите на Бошњаците и Србите во Македонија со поделени мислења за усвоената Резолуција за геноцидот во Сребреница
-
Цела недела не работат операционите сали на Хирургија - нема информација кога ќе профункционираат
-
Пожарната се соочува со проблеми во возниот парк
-
Преглед на вестите од светот