Македонија
23. May 2024 - 21:17

Течат рокови за приговори по вчерашното прегласување, привршуваат преговорите за Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди

Се кројат контурите на идниот владин состав, кој ќе го предводи Христијан Мицкоски. Преговорите кој колку министерства ќе добие, се во завршна фаза, а деновиве ќе се разговара и за поделбата на директорски места, велат од ВМРО ДПМНЕ и Вреди. Официјално не откриваат кои кадри ќе седнат на клучните позиции, но неофицијално се шпекулира дека спикерското место  во Собранието ќе му припадне на Африм Гаши од Алтерантива. Неговата партија ќе раководи и со евроинтеграции,  а ќе добие и заменички места во образование и политички систем.

Официјално до сега  што ќе добие Вреди откри лидерот на партијата Таравари

„За директори уште немаме зборувано. За министри, од Алијанса, кажав дека ќе имаме заменик-премиер, односно министер за добро владеење и транспарентност и министер за здравство и двајца заменици министри за одбрана и за земјоделство и двајца државни секретари. За еден знам, за здравство, за другиот не сум сигурен“, изјави Таравари.

Вицепремиерско место најверојатно би добил Изет Меџити.,а партијата Демократско движење ќе раководи со Министерство за екологија и заменички места во МВР и траспорт и врски

Актелниот градоначалник на Општина Аерордром, Муцунски во Тема на денот потврди дека е можна коалцијата и со Знам на Максим Димитриевски, а за шпеклулаците со имињата вели дека некои се можни,  а некои се уште не се потврдени. Не е дефинитивна ни поделбата на министерстките позиции. 

Лидеропт на БЕСА, Биљал Касами с е поизвесно е дека ќе го врати пратеничкиот манадат и ќе остане градоначалник на Тетово, а партијата со која раководи ќе ги добие економија, труд и социјала, како и заменичко место во Министерството зА акултура.

За ВМРО ДПМНЕ се резервирани сите останати Министерства – правда, МВР, одбрана , финансии, транспорт и врски.

Разговорите за Влада се интензивираат по вчерашнотот прегласување во 5-тата и 6-тата изборна едница со кое Вреди од 13 рипна на 14 пратеници. Претходно пак, ВМРО-ДПМНЕ објави дека веќе располага со 61 пратеник во парламентот.