Потпишаани договори за економска и техничка соработка со НР Кина
Вицепремиерот Фатмир Бесими и амбасадорот на НР Кина Вен Џеншун, денеска потпишаа два договора за економска и техничка соработка, со кои се обезбедуваат неповратни средства за финансирање на проекти од интерес на двете земји.
- Во досегашната успешна проектна соработка, реализирани се повеќе проекти во областите образование, обуки/семинари во НР Кина области од интерес за Република Македонија, како и обезбедување на опрема за заштита и спасување. Како последен во низата на успешни проекти ќе се спомене изградбата на ОУ „Рајко Жинзифов“ во општина Кисела Вода, информираат од СЕП.
Двата нови договора за соработка, како што посочуваат од СЕП, се јасен израз на подготвеноста на двете страни за продолжување и проширување на проектната соработка и во периодот што следи.
Со новите средства, покрај веќе обезбедените од предходните години, планирано е да се реализираат проекти за изградба на две нови основни училишта во општините Гази Баба и Тетово, две нови детски градинки во општините Чаир и Кисела Вода, изградба на објект на Институтот Конфучиј во Скопје, како и мрежно поврзување на институции и организации во областа на образованието.
Активностите за подготовка и реализација на проектите се реализираат во координација помеѓу Секретаријатот за европски прашања и Канцеларијата за економска и трговска соработка при Амбасадата на НР Кина во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур
-
Преглед на вестите од светот