-->
-->
Потер разочаран од поразот од Манчестер Сити
-->
Тренерот на Челзи, Грем Потер е разочаран по синоќешниот пораз од Манчестер сити со 2:0 во Карлинг купот, но е задоволен од играта на своите фудбалери.
– Многу ми се допадна нашата игра. Создадовме големи шанси и добро напаѓавме. Не бевме совршени, но направивме многу работи како што треба на овој натпревар. Убава игра. Уште еден чекор напред во тоа како сакаме да играме. Разочаран сум од резултатот, но задоволен од играта. Покажавме храброст во обидот да се вратиме. Момците го покажаа нивото и храброста. Ми се допадна многу од она што го направивме денес. Секогаш се грижам кога не постигнуваме резултати. На последните натпревари нашата игра не беше онаква каква што сакавме. Но, денес изгледавме како добар тим, изјави Потер во интервју за „Sky Sports“.
Од фаворитите покрај Челзи пласман во осминафиналето не успеаја да изборат уште и Тотенхем и Арсенал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хајрлуахи: Прават дефокус од Рекет 2
-
СДСМ: АНБ да ги декласифицира документите
-
Владините возила добија црвени таблички
-
„Синот“ на струмичкиот театар го отвори 33. фестивал „Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија