Постојаната магла во Тетово причина за зголемена концетрација на ПМ 10 честичките во Тетово
Уште во јануари Тетово помина 15 денови со зголемена среднодневна концентрација на отровните ПМ 10 честички, иако во една календарска година според светските здравствени стандарди не треба да има повеќе од 35 денови со загаден воздух. Од 1 до 16 јануари само на 5 и 6 јануари имало помалку од дозволените 50 микрограми на кубен метар од штетните ПМ10 честички. Претежно сите овие денови од јануари неповолните временски услови маглата и отсуство на ветер е една од повеќето причини концетрацијата на ПМ10 честичките да биде над дозволените граници објаснуваат стручните лица. Од друга страна на во планинските предели на Шар Планина и Попова Шапка има обратна ситуација-сончево време и чист воздух.
– Периодов имаме температурна инверзија која е присутна со појава и задржување на магла во низинските делови на котлините каде има ниски темпертаури и повисоки темпертури во планинските предели. Како последица на температурна инверзија и магла се зголемува концентрацијата на ПМ 10 честичките зошто нема природно прочистување. Нема природна вентилација односно нема ветер и затоа е долготрајно задржувањето на честичките. Со тоа се влошува состојбата и маглата ги притиска и не дава на ПМ10 честичките да се движат. Тепмературната инверзија е причина за условно речено „дотур“ на ПМ10 честички, вели д-р Ратко Давидовски, специјалист по здравствена екологија при Центарот на јавно здравје во Тетово.
Во 2019 година Тетово имаше 88 денови чист воздух, 120 со загаден и 157 беа без податоци затоа што инструментот за РМ10/2.5 од мерната станица беше однесен за калибрација во Австрија.
Ново на Сител
-
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија
-
Времето лечи се | Катерина Ангеловска | Личен Развој | Sitel Podcast 047
-
На „Табановце“ се чека околу 15 минути за влез во државата
-
Нема промена на Рамката
-
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
-
Советници на Трамп му предале план за запирање на американската воена помош на Киев доколку не разговараат за мир со Москва
-
Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието
-
ЕУ ја продолжи заштитата на украинските бегалци до 2026 година