Постигнат договор за есенската потрошувачка кошница, ќе се разгледа на следната владина седница
На следната владина седница треба да се најде предлогот за есенската потрошувачка кошница, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Во изјава за медиумите Мицкоски рече дека е постигнат договор и дека предлогот на Министерството за економија и труд вчера бил доставен до Владата.
- Имаше вчера предлог од страна на министерот за економија, кој е резултат на средбата што ја имаа надлежните со производителите и со трговците. Рековме дека работите ќе ги решаваме преку дијалог, беше постигнат договор и истиот ќе биде веќе на следната владина седница. Вчера не беше поради определени технички причини, но сакаме да ги помине и оние филтри како што се Генерален колегиум и Комисија за економски систем. Очекувам на следната владина седница во вторник да биде на дневен ред, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета во општина Аеродром.
За Законот за нефер трговски практики што треба да стапи во сила од 28-ти овој месец, рече дека доколку не добијат конечен став од бизнис секторот, ќе се оди според предвидената динамика.
До вторник треба да биде познато кои прехранбени производи ќе бидат опфатени со есенската потрошувачка кошница и дали ќе се оди со мерка за замрзнување на цените или за ограничување на маржите. На ова во изминатиот период работеше работна група со претставници од министерствата за економија, финансии и земјоделство.
Ново на Сител
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија
-
Левица бара Собранието да расправа за депонијата во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани