Последниот учесник на СП2022 ќе биде познат на 14 јуни
Фудбалерите на Нов Зеланд и Костарика ќе се борат на 14 јуни во Доха за последното место на завршниот турнир од Светското првенство 2022, чиј домаќин ќе биде Катар, соопшти денеска Новозеландската фудбалска федерација.
Победникот од дуелот ќе го заземе местото во групата Е во која се репрезентациите на Шпанија, Германија и Јапонија.
Нов Зеланд последен пат учествуваше на мундијалскиот турнир во 2010 година во Јужна Африка, што беше нивно второ учество по премиерата во Шпанија во 1982 година.
Костарика прв пат настапи на завршните турнири во Италија 1990, а од 2002 до 2018 година го пропушти само Мундијалот 2010 во Јужна Африка.
Претходно, на 5 јуни ќе биде познат последниот патник од европските квалификации, додека на 13 јуни во Доха ќе играат победникот од дополнителните азиски квалификации меѓу Обединетите Арапски Емирати и Австралија против Перу.
Ново на Сител
-
Пет месеци од трагедијата во Кочани, 18-ти по ред „Марш на ангелите“
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур