Балкан
1. November 2016 - 9:41

Последната игра на малечката Милица: Секунда пред смртта напиша порака со зрнца жито

Осумгодишната Милица Томиќ од Пеќинци се лулкала на рачката од транспортерот за жито, која се измрдала и ја удрила во глава, а потоа се откачила сајлата и целата конструкција паднала врз неа.

„Маце“ е зборот испишан со зрна жито кој зад себе во дворот го остави осумгодишната Милица Томиќ, а потоа настрада откако врз неа се сруши конструкциајта на транспортерот за живот. Несреќното девојче почина на самото место од тешките повреди на главата.

Трагедија се случила во неделата околу 13 часот и никој не може да каже што точно се случило зошто конструкцијата на тој трансформатор е речиси прицврстена од сите страни.

Zla sudbina... Milica Tomić

Последна порака

-Дури и кога некој би сакал така да ја турне, не би можел, вели еден од мажите кој во дворот на девојчето ја покажуваше машинеријата која служи за претовар на живот.

-Милица си играла со две години постариот брат Никола во дворот. Со нив бил и дедото и на само неколку метри од неа подготвувал ручек. Девојчето си играло со мачињата и затоа непосредно пред трагедија во зрна жито напишала „маце“, раскажува потресениот кум и на телефонот ги покажува последните зборови што ги напишало девојчето.

Тој додава дека и нему не му е јасно како дошло до трагедијата зошто таков транспортер има речиси секој куќа во Пеќинци и никогаш ништо слично не се случило.

-Како деца сите сме си играле на него, скокавме, се качувавме, игравме жмурки...Верувам дека можеби се лулала на рачката која служи за поткревање и спуштање на рамката. Дека токму таа ја удрила во глава и дека, пак, незнам како, се откачила кочницата и тогаш горниот дел од транспортерот паднал врз неа, вели тој.

Соседот кој прв ја видел вели дека девојчето имало голема повред ана глвата.

-Изгледаше како рачката да ја идрила пред да падне целата конструкција врз неа. Констукцијата е поврзана со сајла и осигурана со осигурачи и навистина на никој од нас не му е јасно како може да случи оваа трагедија. Тројца мажи досега се обидеа да ја турнат но не им успеа. Беше тоа последна детска игра, вели со насолзени очи соседот.

Непосредно пред тоа во дворот на несреќното семејство е донесено телото на детето од Нови Сад и во дворот се зачуја лелеци од родителите, бабата и дедото.

-Чедо мое мило! Мицо моја - лелекаше жената на сет глас додека во куќата го внесуваат белиот ковчег.

Погребот на девојчето ќе се одржи денеска.

Нема утеха

За нив како и за повеќето роднини и соседи немаше утешни зборови.

-Беше весело дете. Одеше во трето одделение. Беше интелегентна и сакаше животни. Ете и тој ден си играла со мачките околу тие машини. Родителите и се вредни и работливи луѓе, се мачеа за децата да обезбедат се што треба. Сега се несреќни...Не дај Боже ова да му се случи некому, вели сосетката.

Обдукцијата покажа дека девојчето загинало од првиот удар во главата, и дека не почувствувало болка кога целата метална конструкција паднала врз неа.