Поскапува мазутот, цените на бензините и дизелот остануваат исти
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од ноќеска на полоќ се зголемува за 1,222 денари за килограм, а не се менуваат цени на бензините, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Килограм Мазут М-1 НС од ноќеска ќе се продава по 45,680 денари, а останува цената на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ( 81 денар за литар) на ЕУРОСУПЕР БС - 98 (83 денари за литар) и на ЕУРОДИЗЕЛ БС ( 74 денари за литар).
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати и оти трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Ново на Сител
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена