Посебен сообраќаен режим утре во Тетово поради делегација од Саудиска Арабија
СВР Тетово информира дека утре (11 јануари) во Тетово ќе се воведе посебен сообраќаен режим по повод доаѓањето и престојот во градот на висока делегација од Собранието на Кралството Саудиска Арабија предводена од Абдулах Бин Мухамед Ал Шеикх. Посебниот режим ќе почне од од 5 часот и 30 минути и ќе се применува до 12 часот.
-Во овој период се апелира до граѓаните без поголема и неодложна потреба да не се движат со нивните возила во овој дел од градот или да ги паркираат на споменатите улици, да имаат трпение и целосно да се придржуваат на наредбите и насоките од полициските службеници на СВР Тетово. Со тоа, граѓаните најнепосредно ќе придонесат да не се наруши непреченото и безбедно движење на гостите од Саудиска Арабија, и воопшто нормалното одвивање на сообраќајот во Тетово, истакна Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Изменетиот режим ќе се однесува и применува на улицата „Маршал Тито“ од влезот - излез на Тетово до градскиот плоштад и обратно, потоа на потегот од градскиот плоштад до крстосницата со улицата „Браќа Миладинови“ и обратно и на улицата „Браќа Миладинови“ на потегот од крстосницата со улицата „Илинденска“ до крстосницата со улицата „Ѓорче Петров“.
Ново на Сител
-

Николоски: Решението за транспортерите се движи во насока на издавање долгорочни работни визи
-

Се претставил како директор на компанија што тргува со крипто валути, 32-годишник измамен за 340.000 денари
-

Мерц: Германија не е дел од војната со Иран
-

Мицкоски најави поевтинување на нафтените деривати за околу 2,5 денари во текот на денот
-

Тешко повредена кавадарчанка во сообраќајка на росоманска територија
-

18-годишник во Тетово се заканувал на ученици дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето
-

„Оскари“ 2026: Фаворити за најпрестижните филмски награди
-

Пост од 24 часа: Придобивки и здравствени проблеми
