Мицкоски најави поевтинување на нафтените деривати за околу 2,5 денари во текот на денот

За околу 2,5 денари по литар се очекува да бидат намалени цените на нафтените деривати во земјата, откако Владата и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини договорија попуст со најголемиот снабдувач, компанијата ОКТА, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Кочани, тој истакна дека разговарал и со голем дел од сопствениците на бензински пумпи кои кажале оти попустот од добавувачот ќе го пренесат на крајните корисници.
- Добра вест за македонските граѓани е што ОКТА на компаниите коишто соработуваат со нив од денеска ќе им даде попуст од отприлика 45 до 50 долари по тон. Тоа би значило намалување некаде околу 2,5 денари по литар. Бидејќи регулаторна ја одредува највисоката цена, очекувам откако ова ќе биде објавено, во текот на денот за отприлика 2,5 денари по литар да бидат намалени нафтата и нафтените деривати, изјави Мицкоски.
Според него, тоа би значело дека литар дизел кај нас ќе биде 1 евро и 35 евроценти и оти и понатаму македонските граѓани ќе користат најевтини нафта и нафтени деривати.
- Во соседство, во Србија е над евро и осумдесет евроценти, во Албанија евро и осумдесет евроценти, во Косово е над евро и педесет, евро и шеесет евроценти. Во Европа е некаде и над две евра некаде во земјите од Европска унија е 2,2 евра дизелот. Така што тоа што го кажавме тоа и го правиме, дека македонските граѓани ќе користат најевтини нафта и нафтени деривати. И покрај тоа што сме на неколку стотици километри од жестоки воени дејства, но со добра организација, со еден конструктивен дијалог успеваме би рекол тие предизвици да ги надминуваме, нагласи Мицкоски.
Доколку продолжи растот на цената на нафтата на светските берзи, Владата ќе преземе мерки со намалување на данокот на додадени вредности, најпрво од 18 на 10 отсто, па од од 10 на 5 проценти, во зависност од движењето на цената, појаснувајќи дека за намалување на акцизите има закон.
- Ние сме Влада избрана од народот и мора да се однесуваме во полза на интересите на граѓаните. Тоа значи дека ќе тргнеме со намалувањето на зафаќањето кое што и така е најмало, споредено не само со државите во регионот, туку и во Европа. Не акцизите. За акцизите има закон, кој вели дека цената на нафтата на светските безри треба да биде над 800 долари по тон, значи меѓу 800 и 1.000 долари по тон, за 1 денар акциза, 1.000 до 1.200 два денара, па 4 денари итн. Сега не е на тоа ниво, сега е некаде околу 600, 650, истакна Мицкоски.
Тој нагласи дека има притисок од соседните држави, во пограничните места, каде доаѓаат да полнат поефтино гориво. Според неговите информации, во понеделникот е забележан историски највисок пик на дотур на нафта и нафтени деривати на корисници, кога биле наточени околу 2 милиони литри во еден ден.
- Продолжуваме и понатаму да бидеме фактор на стабилност во регионот и како Влада и како политичари. Она што претставува наша цел е тоа полека, но сигурно граѓаните да ја вратат довербата кон државата и кон институциите кои за жал изминатите 10 години поради корумпирани политички елити изгуби, рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Запален автомобилот на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш
-

Познат идентитетот на возачот кој загина на патот Кочани - Виница, повредени три лица
-

Израел се обиде да го убие иранскиот безбедносен функционер Лариџани
-

Европа му испрати јасна порака на Трамп: Сам реши го својот проблем, ова не е наша војна
-

Од денеска директна авиолинија Охрид-Братислава, а од 29 март нова авиолинија Охрид-Милано
-

Расчистен случај со лажна сообраќајка, уапсен скопјанец што измамил жена за сума од 2.000 евра и 1.000 долари
-

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител утре на собраниска седница
-

Македонски државјанин уапсен во Грција - со мотоцикл возел со брзина од 223 километри на час
