Португалија со пресврт до победа против Чешка
Репрезентацијата на Португалија направи пресврт и забележа крајно драматична победа од 2:1 над Чешка во натпревар од групата Ф на двете селекции на ЕП 2024.
Иако „морнарите“ целосно доминираа на натпреварот, Чесите изненадувачки поведоа преку Лукаш Провод во 62. минута.
Иберијците сепак успеаја да израмнат по автоголот на Робин Хранац во 69. минута, а во продолжението дефанзивецот направи кикс, што го искористи Франциско Консеисао и на тој начин португалската резерва го постигна победничкиот гол на натпреварот.
На тој начин Португалија стартуваше со победа во групата Ф, а во следниот натпревар в сабота ќе се соочи со Турција. Истиот ден, Чешка ќе се обиде да ги освои првите бодови против дебитантот на турнирот Грузија.
Уште пред почетокот на мечот во Лајпциг бевме сведоци на два рекорда. Кристијано Роналдо стана играчот со најмногу настапи на европските првенства - 6. А уште еден од лидерите на Португалија, Пепе, стана најстариот играч кој се појавил во европските завршници - 41 година и 113 дена.
Ново на Сител
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје - Тетово, ан ГП „Табановце“ се чека половина час
-
ДЗС: Активни четири пожари, под контрола три, 18 изгаснати
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин
-
Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје
-
АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при претреси на две локации во Скопје
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно