Портпаролот на Обама го демантира тврдењето на Трамп за прислушкување на телефонот
Портпаролот на поранешниот американски претседател Барак Обама денеска го негираше тврдењето на претседателот Доналд Трамп дека Обама лани во октомври наредил тој да биде прислушкуван.
- Основно правило на администрацијата на Обама беше никогаш ниту еден претставник на Белата куќа да не се меша во било каква независна истрага што ја води Министерството за правда, рече портпаролот Кевин Луис, пренесуваат британските медиуми.
Тој додаде дека во согласност со таа пракса, ни Обама, како ни било кој друг претставник на Белата куќае, никогаш не наредиле да се прислушкува некој американски државјанин.
-Било какво поинакво тврдење едноставно е лага, рече Луис.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска го обвини својот претходник Барак Обама дека му го прислушкувал телефонот во текот на минатогодишната кампања, не понудувајќи никакви докази за тоа тврдење, јавија француските медиуми.
Ново на Сител
-
Починато бебе однесено во струшката болница
-
Ѓурчевски: Шефовите на клановите дури се живи даваат наредби, независно дали се во затвор или во бегство
-
ЕУ извештај во кој се признаваат македонскиот јазик и идентитет
-
Преглед на вестите од светот
-
Предлогот за именување на Трајко Славевски за гувернер пред пратениците
-
Предлог за Ратификација на Договорот со Обединетото Кралство на пленарна седница
-
Ѓурчевски: Сложено е да се „исчисти“ целото скопско подземје
-
Прес-конфецернција на премиерот Христијан Мицкоски