Порибена акумулацијата на ЈП „Стрежево“-Битола
ЈП Стрежево изврши порибување на стрежевската акумулација со 1.000 парчиња крап. Од ЈП „Стрежево“-Битола информираат дека до крајот на годината ќе се изврши уште едно порибување со подмладок од автохтона пастрмка.
- Акумулацијата ја порибивме со 150 килограми крап или 1.000 парчиња подмладок на крап со тежина од 100 – 150 грама. Порибувањето што се изврши е согласно риболовната основа и договорот за концесија на стрежевското езеро. До крајот на годината ќе се изврши уште едно порибување со подмалдок од автохтона пастрмка.Во текот на оваа година водите во Стрежевско езеро се збогатени со 300 килограми крап, посочуваат од ЈП „Стрежево“-Битола.
Порибувањето на акумулацијата се изврши во соработка со Институтот за сточарство при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје.
Ново на Сител
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед
-
Охридското езеро во еколошка криза
-
Преглед на вестите од светот
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani