Поранешниот советникот на Трамп, Мајкл Флин обвинет дека го лажел ФБИ
Поранешниот советник за национална безбедност на американски претседател Доналд Трамп, Мајкл Флин, е обвинет дека во јануари 2017 година дал лажна изјава на агенти на Федералното истражно биро (ФБИ).
Како што јави Би-Би-Си во обвинениот се посочува дека Флин „доброволно и свесно" изнел „лажни, измислени и неточни тврдења" пред агентите на ФБИ на 24 јануари.
Обвинението го покрена специјалниот обвинител Роберт Малер, кој ја испитува наводната вмешаност на Русија во американските избори во 2016 година, а Флин е највисокиот член на Администрацијата Трамп, кој досега е обвинет во врска со случајот.
Како што се наведува, Флин лажно тврдел пред ФБИ дека не разговарал за санкциите кон Русија со тогашниот руски амбасадор во Вашингтон.
Флин денеска треба да се појави во Суд за да се изјасни по обвинението.
Тој беше принуден да поднесе оставка по само еден месец, поради давањето погрешни информации на Белата куќа за состанокот со рускиот амбасадор, одржан пред Трамп да ја преземе функцијата во јануари годинава.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите