Поранешен тренер на Јунајтед го нападна клубот: Потрошија 750 милиони евра за играчи, а се во многу полоша состојба отколку што беа тогаш
Ралф Рангник, поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед, го критикуваше работењето на „црвените ѓаволи“, кој и покрај огромните инвестиции, тоне сè подлабоко и подлабоко.
Тековната сезона е една од најлошите во богатата историја на Манчестер Јунајтед, кој моментално го зазема само 14-то место на табелата со 39 освоени бода од 34 натпревари.
Ужасната сезона на „црвените ѓаволи“ може да се спаси само со освојување на Лигата на Европа, што би значело и место во Лигата на шампионите следната година, а тимот на Рубен Аморим е на прагот да стигне до финалето по убедливата победа на гости над Атлетик Билбао (3:0).
Сепак, тоа не го менува фактот дека трикратниот европски шампион игра далеку под својот углед, и покрај огромните инвестиции во засилувања година по година. Ова го забележа и поранешниот тренер на Јунајтед, Ралф Рангник, кој во интервју за Канал + ја критикуваше работата на раководството на клубот на „Олд Трафорд“.
- Манчестер Јунајтед требаше да промени само неколку мали работи, а оттогаш потрошија 750 милиони евра за играчи и се во многу полоша состојба отколку што беа тогаш. Точно е дека можат да ја освојат Лигата на Европа и да ја спасат сезоната, обезбедувајќи ја Лигата на шампионите, но сè друго... Беше вистинско разочарување. Ќе биде интересно да се види дали нешто ќе се случи. На средина од сезоната, тие доведоа тренер кој игра со одбрана од тројца играчи, а тимот беше изграден да игра со четворица, изјави актуелниот селектор на Австрија.
Ново на Сител
-
70-годишен велосипедист од Охрид тешко повреден во сообраќајка
-
43-годишник почина по каснување од пчели во гостиварско
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Покрај Крмзов обезбедени уште две лица - Обвинителството за утре најави брифинг за случајот
-
Околу 60 демонстранти приведени во Сан Франциско
-
Фон дер Лајен: Ако не ги заштитиме океаните ја ризикуваме нашата иднина
-
МВР: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи
-
Тетовчанец управувал возило со 162 км/час на место каде е дозволено 80 км/час