Поранешен претседател на украинскиот парламент убиен во Лавов
Андриј Парубиј, поранешен претседател на Врховната рада – украинскиот парламент, и една од клучните личности во револуцијата Евромајдан, денеска беше убиен во Лавов, јави Kyiv Independent.
Националната полиција соопшти дека политичар бил застрелан во западниот украински град, а пратеничката Ирина Херашченко од партијата Европска солидарност потврди дека жртвата е токму Парубиј.
Веста ја потврди и претседателот Володимир Зеленски. „Министерот за внатрешни работи Игор Клименко и главниот државен обвинител Руслав Кравченко токму ме информираа за првите познати околности од страшното убиство во Лавов. Андриј Парубиј е мртов. Сите потребни ресурси се вклучени во истрагата и потрагата по убиецот“, изјави Зеленски.
Според официјалните информации, повик за итна интервенција бил примен околу пладне, по пукање во јужниот дел на градот, во округот Франкивски. Парубиј починал на самото место.
Засега властите не откриваат детали за можни осомничени или за мотивот на злосторството.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука
-
Бројот на првачиња во Струмица намален за 10%
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија
-
Охрид треба да привлекува туристи со своето природно и културно наследство, а не со езерски туризам