Македонија
7. November 2025 - 8:37

Поради изведување зафат за водоводен приклучок без вода дел од корисниците од улица „Христо Смирненски“

Заради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. „Христо Смирненски“ 13, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Зур маркет до бул. „Партизански Одреди“).

Како што информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

 

МИА