Евакуација во американска воена база, откриен сомнителен пакет со бел прав

Неколку лица беа однесени во болница откако сомнителен пакет беше доставен во американската воена база Здружената база Ендрус во Мериленд. Два извори запознаени со истрагата потврдија дека пакетот содржел непознат бел прав, објавува Си-Ен-Ен.
Во официјално соопштение од базата, која се наоѓа во близина на Вашингтон, се вели дека зградата е евакуирана откако едно лице „отворило сомнителен пакет“.
„Како мерка на претпазливост, зградата и поврзаниот објект беа евакуирани, а околу областа беше воспоставен кордон“, се вели во соопштението. „Итни служби на Здружената база Ендрус беа испратени на местото на настанот, утврдија дека нема непосредни закани, а местото на настанот беше предадено на Канцеларијата за специјални истраги. Истрагата е во тек.“
Лицата кои се чувствувале лошо по отворањето на пакетите беа однесени во Медицинскиот центар Малколм Гроув во базата. Степенот на нивната медицинска состојба сè уште не е познат. Еден од изворите изјави дека првите теренски тестови од страна на тимот за ХАЗМАТ не откриле присуство на опасни супстанции, но истрагата продолжува.
Просторијата каде што беше отворен пакетот – која се наоѓа во зградата на Центарот за подготвеност на Националната гарда за воздух – останува затворена. Истражителите, според двата извори, го анализираат и пропагандниот материјал со политичка содржина што се наоѓал во пакетот.
Заедничката база Ендрус е клучна воена база што редовно се користи за службени патувања од страна на високи американски функционери, вклучувајќи го претседателот, потпретседателот и членовите на кабинетот. Претседателот Доналд Трамп беше во базата само еден ден пред инцидентот.
Центарот за подготвеност на Националната гарда за воздух, каде што се случи инцидентот, служи како врска помеѓу Канцеларијата на Националната гарда и нејзините единици низ САД.
МИА
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
