Свет
7. November 2025 - 8:24

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета кон морето, соопшти утрово јужнокорејската армија.

И Владата на Јапонија потврди дека Северна Кореја истрелала балистичка ракета, која паднал надвор од економската зона.

Премиерката на Јапонија, Санае Такаичи изјави дека нема информации за причинета материјална штета.

 

МИА