-->
-->
Поради грешка на банкоматот извадил повеќе од 1.6 милиони долари, а потоа бил осуден: „Не жалам за ништо“
-->

Подигнал 200 долари, но на екранот од банкоматот пишувало „трансакцијата е откажана“. Потоа извадил уште пари и одеднаш живее као милионер.
Дан Саундерс живеел на „висока нога“, откако ја „олеснил“ банката за повеќе од 1.6 милиони долари. „Најголем дел од ситуацијата ми е како во магла. Тоа е прво што ми паѓа на памет“, рекол Саундерс со голема насмевка на лицето.
„Ме интересираше само забава, пиење скапи вина и запознавање нови луѓе, односно само уживање“, рекол тој.
Првата недела потрошил 20 илјади долари, а за само четири месеци дури 1.6 милиони долари. Саундерс сега признава дека сето тоа немало да се случи да не била таа „луда грешка на банкоматот“.
Неговиот краток елитен животен стил започнал после смената во локалниот паб во „Wangratti“ во руралната Викторија, во 2011-та година. Открил дека отишол да подигне пари од банкомат, но немал средства, па си префрлил пари на Мастер картичката.

„Ми пишуваше 'трансакцијата е откажана', но излегоа пари. Извадив 200 долари и не размислував за тоа“, рекол за „Today Tonight Adelaide“. „Само си префрлив пари од кредитната картичка.“
Но, љубопитноста била поголема и се вратил до банкоматот. „Многу ме интересираше дали можам да извадам уште 200 долари или можеби 500 или 600“, помислил. Не можел да верува дека постојано излегувале пари и не можел да им одолее.
Кога сфатил дека може да си приушти сè што ќе посака, не се воздржал. „Мислам дека потрошив 20.000 долари во првите неколку дена“, рекол тој.
„Мислам дека парите и забавата ми помогнаа, но секогаш знаев дека нешто ќе се случи или дека некој ќе дојде“, рекол за „Today Tonight“. Но, сепак никој не доаѓал.

„Дали сум меѓународен крадец кој само ќе префрлува пари и никогаш повеќе нема да биде виден“, се запрашал самиот себе. Одговорот бил негативен, па одлучил сето тоа да го пријави во банка и на медиумите.
Обвинет е поради стекнување на голема сума на пари преку измама - 1.6 милиони долари и е осуден на една година затворска казна.
Денес работи во ресторан за 22 долари од час.
Вели дека не жали за ништо, но признава дека му недостасува „секој ден“, но и покрај тоа не отишол на банкомат за да се обиде да го направи истото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нов дефект во РЕК Битола - ЕСМ се сомнева во саботажа
-
Три лица на скопските клиники, по вчерашната улична пресметка со нож во Чаир
-
Новиот министер за здравство има идеи за сообраќајниот хаос на Клинички, за кратко време и решение
-
Завршни зборови на обвинетите
-
Бјере: Сега е моментумот за проширување
-
Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар
-
Осцилациите на езерото штетни
-
Преглед на вестите од светот