Поради големи свлечишта затворени два патни правци во Кривопаланечко
Попладнево се одржа вонреднен состанок на Штабот за заштита и спасување при општина Крива Паланка на кој беше разгледана состојбата со активираните постојни свлечишта на локалниот пат село Дурачка Река - село Станци, маала Метов – село Дренак кај местото Видња и на стариот пат кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“.
Според донесените заклучоци и препораки, целосно е затворен за сообраќај по стариот пат кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“, а утврдена е препорака за користење на алтернативниот локален пат, т.н. Руски пат.
За свлечиштето на локалниот правец Дурачка Река - село Станци – маала Метев – село Дренак кај местото Видња се препорачува целосна забрана на патниот правец за тешки товарни возила, а движењето на лесни моторни возила се препорачува само во случај на ургентна и неопходна потреба.
Напоредно преку месните заедници се преземаат мерки за информирање на месното население од селата Дурачка Река, Станци и Дренак.
Упатени се известувања до сите надлежни институции, до Полициската станица од општа надлежност, локалните такси компании и останатите субјекти.
Од Општинскиот кризен штаб апелираат до сите граѓани да ги почитуваат предупредувањата, препораките и поставената сообраќајна сигнализација.
За непочитување на овие укажувања општината и надлежните институции нема да сносат никаква одговорност, велат од Општински кризен штаб, потенцирајќи дека надлежните општинаски служби ќе бараат можности за пробивање на нов алтернативен пат.
Ново на Сител
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови