Живот
1. February 2019 - 10:10

Поправале улица, па завршиле во банка: Откритието на американските комуналци го шокираше и ФБИ

Комунални работници на Флорида се изненадиле кога дознале дека дупката што неодамна се појавила на патот всушност е таен тунел кој води до банка.

Федералните агенти велат дека тунелот е долг 45 метри и води недалеку од банката. Иако тунелот не е ископан до крај и не води директно во зградата, полициските службеници заклучија дека се работи за обид за грабеж на банката.

Овој „филмски“ обид заврши неславно зошто истражителите ја запечатија дупката. Во тесниот премин испратија полициско куче. Пронашле калливи чизми, еден генератор, неколку електрични кабли и алат. Специјалниот агент Мајкл Д. Леверок рече дека пречникот на дупката е околу половина метар.
 
„Би сакал да кажа, дека ова сум го гледал само во филмови, но и таму тунелите не се толку тесни“, коментира Леверок. Не е назначено колку долго тунелот бил таму. Полицисакта истрага уште е во тек.