Попова: Шилегов ќе потроши 8 милиони евра за дислокации на Галии и рушење а пари за Луна парк нема

Градоначалникот на Скопје, Шилегов не престанува со креирањето на скандали, ова денеска го истакна Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.
-Тој ја прекина градбата на Луна паркот во Скопје. Изговорот е дека ќе бара јавен приватен партнер. Во меѓувреме не се работи, иако градежните работи беа во полн ек. Постојат две причини зошто престана да се гради: Првата е, изговорот на Шилегов дека градот нема пари, но ова е изговор, а не причина. Бидејќи Градот Скопје и Шилегов најавија дека ќе потрошат 8 милиони евра за дислокации на Галии и рушење, што значи пари за Луна парк има, потенцира Попова.
Таа додава дека втората причина е, дали зад наоѓањето на јавен приватен партнер се кријат бизнис интереси на оваа криминогена власт. Кој треба да го добие овој простор и дали се планира проширување на овој простор, зафаќање на нови површини од паркот и вметнување на големи угостителски објекти со цел исполнување на бизнис интересите на власта? И додека ваквите пресметки траат Скопјани остануваат без Луна парк.
-На овие дилеми и сомнежи должен е да одговори Шилегов, кој наместо забави за пуштање на автобуски постојки, садење цвеќиња и по некое дрво треба да се посвети на суштинските прашања и потреби на овој град?, прашува Попова.
Ново на Сител
-

Шведска со порака: Уставните измени мора да се спроведат
-

Ден на даночните работници
-

АДКОМ и РКЕ со иницијатива за нов тарифен модел за водните услуги
-

Да не дозволиме попреченоста да го дефинира човекот како личност
-

Преглед на вестите од светот
-

Mицкоски: Градинките и училиштата ни се приоритет, наместо платите на судиите и обвинителите
-

Teма на денот со Лилјана Поповска, поранешна пратеничка
-

Пет ученици се хоспитализирани од О.У „Димо Хаџи Димов”, причината за симптомите ќе се знае утре
