-->
-->
Попот пријавил кражба од конаците на манастирот Св. Врачи, му украле пиштол со муниција
-->
Вчера во 10.15 часот во ПС Охрид, телефонски се јавил Д.Ѓ. (48) од с.Лескоец, охридско, свештеник во манастирот „Св.Врачи“ во с.Опеница, охридско, и пријавил дека во периодот од 17.30 на 14.02.2017 година до 10.00 часот на 15.02.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во конаците на манастирот.
Сторителот насилно ги отворил влезните врати од три соби од конаците на манастирот и извршил пребарување.
Од една од собите одзел црна кожна чанта во која имало пиштол марка „Црвена Застава“, околу 50 куршуми за истиот и дозвола за оружје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме
-
Наместо обвинувања, партиите да понудат решенија за поткрепа на судството
-
Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница
-
Од утре ,,Новогодишна кошничка''
-
Граѓаните се надеваат, но не очекуваат намалени цени
-
Во Нефрологија годишно се прават 16.000 хемодијализи