Свет
12. March 2023 - 9:55

Поплави во Австралија - Се евакуираат луѓе, нема струја |ВИДЕО|

Австралиската полиција ги повика жителите на северниот град Бурктаун во државата Квинсленд да се евакуираат поради големите поплави во регионот, по неколкудневните обилни врнежи.

Поплавите во Бурктаун, на заливот Карпентарија, се најлоши досега, со нивоа на реки што го надминаа нивото на поплава од 6,78 метри измерено во март 2011 година, според Бирото за метеорологија на австралиската влада.

Заедница во северозападниот дел на Квинсленд е без струја, а канализациските системи во градот се загрозени, објави телевизијата ABC, повикувајќи се на соопштение на полицијата во Квинсленд.

Не е безбедно да се остане, се вели во соопштението. Според извештајот, околу половина од 150-те жители на оддалечениот град веќе се евакуирани, а погодени се и други области.

Поплавите дојдоа откако во областа во последните 48 часа наврнаа до 65 л. дожд. Дополнителни врнежи и грмежи се предвидуваат денеска, иако врнежите главно престануваат во областа, соопшти метеоролошката агенција.