Поплавените да се пријават за геодетски елаборат во Агенцијата за катастар

Граѓаните од поплавените подрачја кои поднеле барање за легализација на диво изграден објект до надлежната општина, а се уште немаат доставено геодетски елаборат од денеска ќе можат да се јават во Инфоцентарот на Агенцијата за катастар на недвижности, информира денеска директорот на Агенцијата Славче Трпески.
- Со цел пријавувањето да биде спроведено на поефикасен начин, апелираме до граѓаните пред да се јават задолжително да го обезбедат бројот на поднесеното барање за легализација кое го добиле од општината при поднесувањето на барањето за легализација, бројот на катастарската парцела на која се наоѓа дивоградбата и крај себе да имаат лична карта со цел соопштување на потребните податоци, рече Трпески.
Појасни дека доколку граѓаните не го знаат бројот на катарската парцела да го најдат на веб-страницата на Агенцијата за катастар на недвижности.
Информира дека согласно Акциониот план сите што ќе се пријават започнувајќи од 1 септември 2016 ќе бидат посетени од екипи на Агенцијата за катастар на недвижности со цел изготвување бесплатен геодетски елаборат.
Инфо-телефоните во Агенцијата се 0800 80 800; 317 17 33 и 317 38 25.
Оваа мерка е една од пакет мерките на Владата на Република Македонија за помош на граѓаните од поплавените подрачја која предвидува и изготвување бесплатни геодетски елаборати за лица кои поднеле барање за легализација на диво изграден објект.
Ново на Сител
-

Шведска планира затворски центри за криминалци на возраст од 13 години поради растот на криминалот на бандите
-

Алиоски нема да биде на располагање за дуелот со Велс
-

Отворен ден за граѓаните утре на Неврологија, без упат ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии
-

Уапсен ограбувачот на филијали за брзи кредити
-

Поради невремето две големи дрвја паднаа во Капиштец, целосно го блокираа сообраќајот кај Козара
-

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога
-

Уапсени двајца полицајци соучесници на грабежот во златара во Гостивар
-

Уапсен директорот на Комунална хигиена
