Попис на водомери во Куманово
Четири екипи на Јавното претпријатие „Водовод" деновиве на терен спроведуваат втора фаза од пописот на водомерите на корисниците на услугите, опфаќајќи ги и правните субјекти и физичките лица.
Акцијата, како што информираат надлежните има за цел да ја утврдат точната бројка на корисници во Куманово.
Пописот е обемен, соопштуваат од „Водовод“ и треба да се спроведе детално во неколку фази за да ги прикаже податоците со кои во иднина можат да се планираат приходите на претпријатието.
- Оваа е втора фаза од спроведувањето на пописот на водомери. Во моментов, екипите одат на терен во оние делови и населби од градот каде што корисниците користат и вода од „Водовод“, но и вода од бунари и бушотини. Наша цел е да утврдиме која количина се троши од претпријатието, а колку од бунарите, за да добиеме податоци за потрошувачката на вода во градот, изјави директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски.
Во централното градско подрачје, целосно е завршен пописот. Во поголемиот дел од градот евидентирани се домаќинства кои користат вода од претпријатието и кои во најголем процент редовно ги плаќаат сметките. И правните субјекти редовно си ги плаќаат сметките.
- Согласно нашата евиденција имаме зелена зона каде што состојбата е регуларна, жолта зона каде дел од корисниците велат дека користат и вода од бунари и бушотини и портокалова зона каде што има евидентирано нелегални приклучоци за кои планираме да преземе соодветни мерки за приклучување кон системот, што подразбира и плаќање на обвските кон претпријатието, објасни Стојковски.
Оваа акција, според Стојковски е дел од сетот мерки кои се преземаат за да се подобри ефикасноста на претпријатието и да се подобри квалитетот на услугите кон граѓаните.
ЈП "Водовод",евидентира 31.500 водомери,од кои 28.000 ги користат физичките лица,а 3.500 правни лица.
Ново на Сител
-
60-годишник прегазил малолетничка во Скопско Поле
-
54-годишен наставник натепал ученик во село Џепчиште
-
Сведокот во бегство за убиството на Вања сам се предаде во полиција
-
Во штипскиот Основен суд закажано судењето за убиството врз 29 годишната Емилија Прошева
-
Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 3 лица
-
52-годишна кавадарчанка пронајдена почината со повреди на телото
-
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време
-
МВР со детали за верижната сообраќајка на Скопска обиколница