Пониско индустриското во август за 5,3 проценти
Индустриското производство во август годинава во однос на август лани бележи намалување од 5,3 проценти, а за осумте месеци од годинава во однос на периодот јануари - август 2016 година намалување за 0,1 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи опаѓање од 6,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 8 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 28,1 отсто.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи, тутунски производи, текстил, облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 19 проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,3 отсто, Капитални производи за 12,4 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 8,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8 проценти.
Ново на Сител
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот